Пендаровски ја менува 30-годишната традиција – нема да држи говор на Мечкин Камен за Илинден


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Стево Пендаровски на 2 август по повод државниот празник Илинден, нема да оддржи говор на Мечкин Камен. Шефот на државата ја менува 30-годишната традиција со образложение да се избегнат поделби. Идејата е сите политичари да дојдат во Крушево и тоа да биде симболичен чин на обединување.

На Мечкин Камен нема да се обрати никој од политичарите а наместо говор, Пендаровски ќе има само кратко видео обраќање од две минути, порача претседателот на средба со новинарите.

– За што што служи говорот? Тој предизвикува свиркања, клетви, разединување, Сегашниот концепт на прослава е разединување а не обединување. На народот му е преку глава од говори. – изјави Пендаровски.

Централната манифестација наместо во 12 ќе почне по 18 часот за да можат да стигнат на време претседателот на Собранието Талат Џафери и премиерот Зоран Заев, кои претходно треба да бидат на одбележувањето на Илинден во Скопје и Пелинце.

Пендаровски соопшти дека поканети се буквално сите лидери на сите парламентарни партии, а за прв пат на Мечкин камен ќе се појави лидерот на ДУИ Али Ахмети. Лична покана е испратена и до Христијан Мицкоски но нема потврда дали ќе ја прифати. Поканети се и Села и Апасиев, но одговор и од нив се уште нема. Оваа година шефот на државата го поканил и олимпиецот Дејан Георгиевски , да го придружува на Мечкин Камен.

Манифестацијата на Мечкин Камен ќе почне со читање на илинденски пораки и Крушевскиот манифест од страна на актерот Никола Ристановски. Предвидени се настапи на Танец, на албански ансамбл за песни и ора, како и ора на Воениот оркестар. Ќе настапи и Влатко Стефановски. Во Крушево ќе биде и традиционалната коњаница, а ќе маршира и почесен баталјон на АРМ.

Иако одбележувањето на Илинден е едно од барањата на Бугарија, претставници од источниот сосед нема да има бидејќи не се поканети.