Пендаровски и Заев со ист став: Бугарија се меша во внатрешните работи на Македонија


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Примериот Зоран Заев и претседателот Стево Пендаровски се на иста линија со ставот дека Бугарија се меша во внатрешните работи на Македонија.

Државниот врв едногласно реагираше на барањето на бугарскиот претседател Радев, бугарските безбедносни служби да се ангажираат во заштита на правата на Бугарите во Македонија. Претседателот Пендаровски во одговор за Канал 5 вели дека е крајно невообичаено и надвор од процедурите на Алијансата претседател на земја членка на НАТО да ги повикува службите за безбедност да реагираат за надводно кршење на правата на граѓаните во друга земја членка. Вели досега немале ниту една информација за кршење на човекови права, врз основа на декларирана етничка припадност.

-Реакцијата на бугарскиот претседател е спротивна и на основниот принцип во меѓународната политика за немешање во внатрешните работи на друга држава. Како држава кандидат за членство во ЕУ ние сме со години под редовен мониторинг на Брисел, но, ниту во последниот годишен извештај за напредокот на Европската Унија не се регистрирани такви случаи, се вели во ставот на претседателот Пендаровски.

Со реакција се огласи и премиерот Заев, според кого, Договорот за добрососедство ги обрзува двете земји за немешање во внатрешните работи, како и во прашањата за малцинствата. Апелираше до Софија на внимателност и непотпаѓање под какви било инсинуации, зашто како што потенцира, на никого во Македонија не му се нарушени правата.

-Јас се надевам дека е информативен состанок во којшто сакаат да соберат информации од граѓани коишто се со бугарска определба, и ќе споделат некои информации ако некаде некои права не се признаени или се непочитувани. Недозволиво е мешање на туѓа земја во друга земја. Ние сме земји членки на НАТО, не ни треба испраќање на разузнувачки служба да ги утврдат правата на граѓаните. Правата на граѓаните се светост, вели Зоран Заев, претседател на владата

На потегот на Радев, денеска се надоврза и бугарската министерка Захариева. Во интервју за државната БНТ вели дека во Македонија имало 100-те илјади граѓани со бугарско државјанство, на кои им било оспорувано правото на самоопределување и понекогаш се соочувале со заплашување.

-Недозволиво е во 21 век да има дискриминација. Тие се обидуваат да ја обвинат Бугарија дека им го одзема правото на самоопределување на нивните граѓани. Но, не. Со ваквите постапки, тие го одземаат правото. Ние повеќе го гледаме проблемот со правото на самоопределување на луѓето таму, кои имаат бугарска самосвест. , изјави Екатерина Захариева, министер за надворешни работи на Бугарија

Контроверзното барање на Радев произлезе по неговата вчерашна средба со шефовите на безбедносните служби, иницирана од писмото што бугарскиот државен врв неодамна го доби од Културниот центар „Иван Михајлов“ од Битола и други граѓани декларирани како Бугари, кои се пожалиле на зачестените појави на повреда на нивните права.