Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Македонскиот претседател Стево Пендаровски денеска го потпиша указот со кој го назначи бившиот македонски министер за надворешни и за внатрешни работи, професорот Љубомир Фрчкоски, за амбасадор на Македонија во Организацијата на обединетите нации во Њујорк.
На неговотo именување се противеше опозициската ВМРО-ДПМНЕ, блокирајќи ја работата на собраниската комисија за надворешни работи, каде Фрчковски требаше да ги презентира своите тези за оваа позиција.
За испраќањето на Фрчкоски, пак, претседателот на Комисијата за надворешни работи, Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, уште пред неколку месеци најави дека „ќе вложи максимални напори“ за тој да не ја преземе амбасадорската позиција.
Во образложението од Кабинетот на Пендаровски пишува дека указот е потпишан бидејќи сите законски услови биле исполнети.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагира дека назначувањето на Фрчкоски за амбасадор во ОН е тежок срам за Пендаровски.
„Човекот кој тепаше жени ќе ја преставува државата во ООН. Љубомир Фрчкоски е човек кој беше пријавен за тепање на жена на паркинг, тој е човекот кој беше обвинет за учество во шверцот на нафта и цигари во 90тите години,“ се вели во реакцијата.
Во неа е наведено дека со овој потег Пендаровски ги потценува САД, затоа што претходно Соединетите американски држави не го прифатија Фрчкоски за амбасадор во Вашингтон, а сега Пендаровски го праќа на нивна територија во Њујорк.