Пендаровски до ЕУ по повод 9. мај: Само со почитување на правото на самоопределување може да зборуваме за обединета Европа


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


По повод одбележувањето на 9. мај – Денот на победата над фашизмот, македонскиот претседател Стево Пендаровски порача дека тоа е оддавање почит на милионите животи згаснати во борбата против окупаторот, ден кога со гордост се потсетуваме дека сме биле сме и ќе останеме на вистината страна на историјата.

„Денот на Европа, кој ја слави идејата за траен мир и заедништво на континентот е уште еден потсетник за клучната вредност на патот кон европското обединување на различностите. Само достоинствено, со почитување на правото на самоопределување може да зборуваме за обединета Европа. Победата над фашизмот е и победа за Европа“, истакна Стево Пендаровски.

Премиерот Димитар Ковачевски во неговото обраќање во оваа прилика рече дека ова е ден кога го чествуваме големото дело на Народноослободителната војна како наша заедничка победа со сојузничките сили и народи на Европа и САД.

„Изборот на македонскиот народ, заедно со сите други народи беше македонската држава да биде создадена како дом на слободата Дом на слободата за сите нејзини граѓани без исклучок. Држава на сите и за сите. Дом како што е денеска Европската унија, како што е напредна и прогресивна Европа“, порача Димитар Ковачевски.

На централната свеченост која се одржа пред споменикот „Ослободители на Скопје“ кај Владата делегации положија венци и свежи цвеќиња. Таму се обрати претседателот на Сојузот на борците и еден од најстарите учесници во Народноослободителната антифашистичка војна на Македонија Никола Стојановски. Народот секогаш знаел да застане на вистинската страна на историјата, рече тој.

„Формирањето на македонски одбори и совети во градовите и установите од мај до јуни во 1941 паднаа како лажни кулиси заменети со увезена бугарска машинерија за национално и социјално поробување и претопување. По сите востанија и војни нашиот народ брзо ја препозна таа нова асимилаторска и угнетувачка окупација и го избра единствениот прав пат со своја борба“, истакна Никола Стојановски.

Американската амбасадорка Кејт Мери Брнз рече и дека воениот конфликт во Украина покажува дека обединетоста е суштинска и дека Македонија и другите НАТО сојузнички даваат поддршка.

„Дали како партизани или заштитници, луѓето од секоја европска нација ги ценат жртвите што биле дадени за одбрана на слободата и унапредување на мирот. Венците што се положуваат денес тука го поврзуваат и обединуваат народот на Северна Македонија со другите низ Европа кои исто така денес положуваат цвеќе“, посочи Кејт Мари Брнз.

Со едноставен трик трајно излечете ја габата на вашите стапала!
Евроамбасадорот Дејвид Гир своето обраќањето го посвети на Шумановата идеја за обединета Европа, но рече дека таа нема да биде целосна без Западен Балкан.

„Европската унија која ја славиме денес е процес кој трае. Начелата на мирот врз кои е заснована таа се релевантни и порелевантни од кога било, но тоа е унија на која и треба постојано обновување и е унија која е нецелосна. Затоа што ЕУ не е целосен без Западен Балкан како нејзин дел. Во стратешки интерес и на ЕУ и на регионот е процесот на пристапување да напредува сега“, додаде Дејвид Гир.

Низ цела Европа денеска се слави 9 мај, 77 години од победата над фашизмот и Ден на Европа кој пред 72 години од Шумановата идеја за заедничка Европа.