Славни

Пеле: Нема споредба меѓу мене и Меси, јас сум подобар

Последната изјава на фудбалската легенда Пеле во контекст на споредбите меѓу него и аргентинскиот ас Линонел Меси, крена бура од реакции во јавноста.

Многу често во фудбалската јавност се појавуваат споредби со денешните фудбалери и фудбалерите во минатото. Сега тоа го направи самиот Пеле кој тврди дека тој е подобар фудбалер од Меси. Освен што порача дека е подобар објасни и зошто смета така.

„Не ми е јасно како споредувате фудбалер кој игра со глава и шутира со двете нозе со друг фудбалер кој игра само со едната нога и не е добар со глава? Како не споредувате? Јасно е дека јас сум подобар. За да споредите некој со Пеле, тој некој треба да игра со двете нозе и да постигнува голови со глава“, порача Бразилецот.

Loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top