Home Вебкафе Пеколно жежок: Изминатиот јуни најтопол месец било кога измерен во историјата

Пеколно жежок: Изминатиот јуни најтопол месец било кога измерен во историјата

Овогодишниот месец јуни е најтоплиот месец било кога измерен во историјата од кога се мери температурата на Земјава.

Јуни 2019 година беше најтоплиот месец било кога забележан на планетата Земја, соопшти европската сателитска агенција.

Податоците кои ги објави EU Copernicus ECMWF покажаа дека просечните температури во јуни, 2019 година, на европскиот континент биле за два степени повисоки од нормалните вредности, со што јуни официјално и статистички стана најдоплиот месец од сите претходни откако се мери температурата на Земјата.

Експертите изјавија дека климатските промени довеле до соборување на температурните рекорди во текот на изминатата седмица, стои во неодамнешните анализи.

Исто така, брзата проценка на просечните температури во Франција меѓу 26 и 28 јуни покажа значајно зголемување на веројатноста дека топлотните бранови ќе се појавуваат како резултат на човечкото предизвикување на глобалното загревање, велат стручните лица од светската метеоролошка фела.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Како да изгледате попривлечно на фотографии – 10 едноставни совети

Време е да заборавите на „отстрани ознака“ на фотографиите од вашите пријатели! Сите имаме…