Home Актуелно Пеколно жежок четврток

Пеколно жежок четврток

Претпоследниот ден од месец јули времето во Македонија ќе биде сончево и натпросечно топло со слаб до умерен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 24, а максималната ќе достигне од 35 до 43 степени Целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје ќе биде сончево и натпросечно топло со слаб до умерен ветер од западен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне 42 степени. Маврово 33, Охрид 35, Битола 39, Крива Паланка 38, Берово 37, Кавадарци и Дојран 43.

Според најавите од Уравата за хидрометеоролошки работи (УХМР), под влијание на многу топла воздушна маса од југ до 6 август продолжува периодот на стабилно и исклучително многу топло време со натпросечни температури за овој период од годината. Ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури, а вредноста на УВ индексот ќе изнесува 9. Наместа вдолж Повардарието температурата ќе го надмине и 42-риот степен.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…