Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Дона Пенер е Канаѓанка чие оперативно искуство кое го пренесе за јавноста го потресе светот поради ужасот кој го претрпела за време на рутинската операција на стомакот.
Дона преживеала вистински хорор за време на рутинска операција на стомакот. Жената била подготвена за неколку мали реза на стомакот, добила анестезија, но тогаш нешто се случило. Анестезијата не делувала целосно и жената останала свесна и трпела надчовечки болки. Но токму поради анестезијата, не можела ниту збор да каже, ниту да пушти глас.
Таа во интервју го раскажува денеска ужасот кој го доживеалапред 10 години. За ВВС раскажува дека станала свесна за тоа што ја очекува кога докторот го побарал скалпелот и почнал да го сече нејзиниот стомак. Но, анестезијата делувала така што не можела да се помрдне, а болката била неиздржлива. Операцијата траела час и половина, а Дона за цело време чувствувала и како и ставаат инструменти во неа, како ја сечат.
Дишењето ѝ било контролирано, а од стрес пулсот ѝ се зголемил, но вештачки бил стабилизиран. По некое време и паралитикот престанал да делува и жената се обидела да си го извлече цевчето од грлото, по што почнала да се гуши.
Тогаш слушнала непознат глас, кој ѝ вели „Што и да се случи, со тебе се ќе биде добро“.
Анестезиологот веднаш и ставил маска и така се спасила од сигурна смрт. Подоцна му раскажала на докторот дека го слушала за целото време на операцијата и чуствувала ужасни болки, на што тој се расплакал и кажал дека му е многу жал. Канаѓанката по оваа операција со месеци одела на психотерапија.
Дона вели дека приказната не ја раскажала за да обвини некого, туку нејзината приказна да биде опомена за тоа што може да се случи при операција и да се внимава на пациентите.