Пеколните жештини низ Европа го стопија највисокиот шведски врв


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Топлиот бран кој не ја одмина ни Шведска, донесе такви високи температури во арктичкото лето кои толку го стопија глечерот на шведската планина Кебнекаисе што повеќе не е највисокиот врв во таа земја.

„Овој глечер е симбол на сите глечери во светот. Целата околина се топи, снегот се топи, а тоа влијае врз целиот екосистем: растенијата, животните, климата, сѐ“, вели Росквист професорка по географија на универзитетот во Стокхолм.

Следното официјално мерење ќе биде на почетокот на септември. Шведска летово има екстремно високи температури.