Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во новиот филмски предизвик Ford v. Ferrari, за кој беше објавен првиот трејлер, Мет Дејмон и Кристијан Бејл се пеколниот тандем кој ја предизвикува потребата од голема брзина и адреналин.
Во првите сцени од филмот гледачите можат да го видат Дејмон како американскиот автомобилски дизајнер Керол Шелби, а Бејл како бестрашниот британски возач Кевин Мајлс, додека се обидуваат да го создадат автомобилот кој ќе го преземе Енцо Ферари.
Базиран на вистинита приказна, во режија на Џејмс Манголд, филмот ги следи Шелби и Мајлс кои се бореле против корпоративните сплекти, законите на физиката и нивните лични демони, со цел да создадат револуционерен автомобил за Ford Motor Company да се натпреварува со Ferrari во Франција, 1966 година.
Трејлерот го доловува адреналинот кој е присутен на трките. Бејл и Дејмон настапуваат заедно со импресивна актерска екипа околу нив – Џон Бернтал, Катрина Белф, Трејси Летс, Џош Лукас, Рем Жирон и Реј МекКинон.
Премиерата на филмот е закажана за 15 ноември.