Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Бали е се попопуларна туристичка дестинација, која подеднакво ги привлекува и љубителите на кампирањето и оние, кои уживаат во луксузните одмаралишта. Меѓутоа новиот извештај покажува дали Бали има своја мрачна страна.
Новинар на Б92, кој на почетокот на годината бил во Индонезија и на Бали, имал можност да се увери дека во оваа азиска земја се јаде кучешко месо.
Новиот извештај на борците за правата на животните од Австралија, покажува дека на „рајскиот остров“ и на туристите им се подметнува кучешко место, наместо пилешко.
Организацијата Анималс Аустралија објави извештај наречен „Тајниот пазар на месо во Бали и неговата вознемирувачка поврзаност со австралискиот туризам“. Тие откриле дека секојдневно се убиваат многу кучиња, за да се обезбеди месо за туристите.
– На Бали се убиваат седум пати повеќе кучиња, отколку на озлогласениот Фестивал на кучешко месо во Јулина во Кина, пишува во извештајот, кој наскоро ќе биде презентиран и на австралиската телевизија.
Околу 70 отсто од рестораните на Бали отворено нудат јадења со кучешко месо. За туристите, пак, нудат „сате“, традиционално јадење со пилешко, кое всушност содржи месо од куче.
Организацијата „Анималс Аустралиа“ уфрли инсајдер во средиштето на мафијата на Бали.
Се испоставило дека не само што кучињата се убивани на најсурови можни начини, туку и нивното месо е целосно небезбедно за конзумација.
Иако поединечни организации на Бали се борат против оваа пракса, се проценува дека секоја година се убиваат 70 илјади кучиња за прехранбени потреби.