Пеколен противник на патот до Катар – Македонија против Италија во баражот за Светско првенство


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Македонија денес го дозна патот преку баражот за Мундијалот во Катар и тој ќе биде пеколно тежок!

Во полуфиналето ќе играме против Италија, додека во случај да се пласираме во финалето ќе одиме на подобриот од Турција и Португалија.

Со оглед на тоа дека Македонија беше помеѓу неносителите полуфиналето го игра на гостински терен.

Натпреварите се играат на 24/25 март.

За вестите од Цирих да бидат уште полоши, откакло стана јасно дека во полуфиналето ќе играме против Италија, во случај да се пласираме во финале ќе одиме на Турција и Португалија и вториот дел од ждрепката не не посака.

Првиот натпревар беше познато дека го играме на гости затоа што бевме меѓу неносителите, додека за финалето се влечеше ждрепка која сакаше финалето од нашиот турнир да се игра кај подобриот од вториот дуел, односно во Лисабон или Истанбул.