Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Полициските сили на Зимбабве соопштија дека бројот на загинати во уличната војна помеѓу безбедносните сили и поддржувачите на опозициската Хараре се зголеми на шест лица.
Владејачката партија на Зимбабве ЗАНУ-ПФ го освои мнозинството пратенички места на парламентарните избори во таа земја, со што е утврден патот до победа на нејзиниот кандидат Емерсон Мнангагве на претседателските избори, одржани заедно со парламентарните во понеделникот во Зимбабве.
Опозициските партии, незадоволни од резултатите, во средата организираа протести за време на кои избија конфликти меѓу приврзаниците на опозицијата и безбедносните сили.
Како што првично беше објавено, во конфликтот загинаа три лица, а полицијата од Зимбабве наведе дека уште тројца им подлегнале на повредите.
Портпаролката на полицијата Черити Чарамба рече дека ситуацијата, особено во Хараре, и понатаму е напната и дека помошта од војската и понатаму ќе биде потребна за да се осигура безбедност на улиците.
Лидерот на опозицијата во Зимбабве Нелсон Чамиса изнесе тврдењ во четвртокот дека победил на претседателските избори, како и дека претседателот Емерсон Мнангагва знае дека изгубил бидејќи во спротивно резултатите досега би биле објавени.
Во меѓувреме, комесарот на Изборната комисија на Зимбабве Кубани Mojo најави дека комисијата ќе почне да објавува резултати од претседателските избори од 22 часот по локално време.
Меѓународните набљудувачи ја повикаа Изборната комисија на Зимбабве да ги објави изборните резултати што е можно поскоро со цел да се избегне повторно насилство.