Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во Пекинг денеска, за прв пат од 2014 година, температурата на воздухот се искачи над 40 степени Целзиусови, а соборен е и рекордот за најтопол ден во јуни од почетокот на мерењата.
Метеоролошка станица на јужната периферија на Пекинг денеска регистрираше 40,7 степени Целзиусови, што е првпат прагот од 40 степени да биде надминат од 29 мај 2014 година.
Претходниот рекорд беше поставен на 10 јуни 1961 година, кога беа измерени 40,6 степени Целзиусови.
Во Пекинг денеска е во сила портокалов метео аларм.
Метеоролозите издадоа предупредување за сериозни жештини во текот на викендот во главниот град на Кина.
Северна и источна Кина беше погодена од топлотен бран минатата недела, речиси две недели порано од претходните години.
Портокалово предупредување се издава кога максималната температура ќе надмине 40 степени во еден ден или кога максималната температура останува над 37 степени два последователни дена.