Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
САД и Канада ги тресат пеколни температури кои рушат рекорди. Како последица на топлотниот бран кој ги погоди овие земји, измерени се скоро 47 степени Целзиусови.
Претходно рекордната измерена температура во Канада изнесувала 45 степени Целзиусови.
На западот на Канада кој е погоден од топлотен бран се забележани рекордни температури,слично е и на пасифичкиот северозападан брег во САД.
Повеќе од 40 нови температурни рекорди се забележани во Британска Колумбија за време на викедот, посебно во популарниот скијачки центар Вистлер.
Лутон кој исто така се наоѓа во Британска Колумбија сега е апсолутен рекордер на Канада со измерени 46, 6 степени Целзиусови, објави агенцијата „ Environment Canada.
Претходно највисоката регистрирана температура во Канада беше 45 степени , измерена во два града во далечната 1937 година.
Слично е и од другата страна на границата, Американската метеоролошка станица предупредува за опасност од високите температури, топлотниот бран најсилно ги погоди државите Вашингтон и Орегон.
Во главниот град на Орегон , Портланд се измерени 44 степени Целзисуови