Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Засега 13 загинати лица (најмалку 9 демонстранти, 1 полицаец, една жртва на демонстрантите и две неидентификувани лица) е црниот биланс од еднонеделните протести кои ги тресат САД, а се проширија од Минеаполис, Минесота во десетици градови и се претворија во хаотични немири.
Еден полицаец бил прегазен во понеделникот вечерта во Њујорк, а на снимките се гледа дека поради силата на ударот, тој полетал во воздухот и паднал меѓу автомобилот што го удрил и друг автомобил во движење. За среќа, тој преживеал.
Многумина и во Америка и во целиот свет се згрозени од френетичкото насилство на дел од демонстрантите низ САД, повеќе отколку од самото полициско насилство што го предизвика протестите. Наскоро стана јасно дека, покрај обичниоте грабежи и отпор преку подметнување пожари и кршење, голем дел од насилството потекнува од организираните и милитантни членови на движењето Антифа, или „професионални анархисти“, како што ги нарече претседателот Доналд Трамп. Ова го предупредија официјалните претставници на федералната полиција, како и градоначалниците на Минеаполис, Чикаго, Солт Лејк Сити, Денвер и директорот на разузнавачката комисија во Сенатот на САД.
Насилството на демонстрантите ескалира вчера. Најмалку пет полицајци се повредени во пукањето, од кои четворица во Сент Луис, Мисури.
„Моравме да ја заштитиме станицата, тие фрлаа пиротехника кон полицијата“, изјави командантот на градската полиција.
Wow, Brooklyn tonight.
It’s crazy that cops circling around individuals and beating them with batons appears to be within the rules of engagement. Looks like a literal mob. pic.twitter.com/AUiXWfzBOJ
— Zeeshan Aleem (@ZeeshanAleem) June 1, 2020
„Што се случува? Како е можно? Г-дин Флојд е убиен на друго место и тие ги уништуваат градовите низ целата земја“
Еден полицаец е ранет во немирите во Лас Вегас, јавува новинската агенција АП, повикувајќи се на полицијата. Друг бил „вклучен во пукање“ во истата област, пренесува агенцијата. Трамп ја даде најсериозната закана до денес поради националните немири: „Ако град или држава одбијат да преземат активности неопходни за да ги одбранат животите и имотот на граѓаните, тогаш ќе ја испратам армијата и брзо ќе го решам проблемот“.
Looters attempting to break in to T-Mobile store near 6th and Pine #seattleprotest pic.twitter.com/LyocZxkUTs
— Matt M. McKnight (@mattmillsphoto) May 31, 2020
Снимките од тепањето луѓе кои вербално или физички се спротивставија на демонстрантите се појавија и на социјалните мрежи. Во Далас, Тексас, така во саботата навечер Чарлс Шулц тргна сам, вооружен со мачета, да го брани кафулето што не било негово, но бил чест гостин. Собраната толпа го совлада и го претепа, а снимката е прилично вознемирувачка.