Пекол на скопските улици: 11-годишно девојче удрено на пешачки премин во Хром

трагедија

Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Денес, околу 15 часот, 11-годишна ученичка во скопската населба Хром била удрена од автомобил марка Југо во моментот кога преминувала улица на пешачки премин.

Девојчето по ударот летало десетина метри. Со возило на итна помош е префрлено на скопскиот ургентен центар каде и се пружа лекарска помош. Лекарите велат дека повредената е во стабилна состојба и се прават потребни снимки за да се утврдат повредите.

Полицијата врши увид на местото на настанот.

Локалните жители објаснуваат дека на улицата Ангел Динев каде се случила несреќата има проблеми затоа што семафорите не се координирани. Во близина на местото се наоѓа училиштето Димо Хаџи Димов.