Пекол ги отепа во Шангај – најжежок ден во последните 100 години


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Шангај денеска го евидентираше најтоплиот мајски ден во последните 100 години, соопшти метеоролошката служба на тој град во источна Кина.

„Во 13:09 часот (5:09 часот по Гринич), температурата на станицата Суџиахуи достигна 36,1 степени Целзиусови, што го собори 100-годишниот рекорд за највисока температура за месец мај“, соопшти официјалниот портал на кинеската метеоролошка служба преку социјалната мрежа Веибо.

Неколку часа подоцна, на метеоролошката станица во центарот на Шангај е забележана температура од 36,7 степени Целзиусови, соопшти истиот извор.

Со ова за еден степен беше соборен претходниот рекорд, кој беше забележан четири пати во 1876, 1903, 1915 и 2018 година.

Во средината на мај, ОН предупредија дека периодот од 2023 до 2027 година речиси сигурно ќе биде најтоплиот досега забележан на Земјата, со комбинираното влијание на стакленички гасови и метеоролошкиот феномен Ел Нињо кои предизвикуваат пораст на температурите.

Глобалните температури наскоро се очекува да ја надминат најамбициозната цел од Парискиот климатски договор, предупреди Светската метеоролошка организација.