Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Кинеската новинска агенција Ксинхуа објави дека Пекинг и Вашингтон се согласиле да избегната каква било трговска војна и да се повлечат од зголемување на царините.
Агенцијата ја пренесува изјавата на кинескиот вицепремиер Лиу Хе “Двете страни постигнаа консензус, да не влегуваат во трговска војна и да не ги зголемуваат царините ” рекол Лиу кој ја предводеше кинеската делегација на преговорите што се одржаа во Вашингтон вчера.
Претходно Вашингтон и Пекинг во заедничкото соопштение, објавија дека Пекинг се согласил значително да ги зголеми своите купувања на американски стоки и услуги. Сепак, во заедничката изјава на крајот од трговските разговори во Вашингтон не беше наведено дали двете земји ќе ги одложат или ќе ги намалат царините .
Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе наметне царини за кинеските стоки во вредност од околу 150 милијарди долари, како одговор на “неправедните трговски практики на Пекинг”.