Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Маркетите во Штип продолжија редовно да го добиваат лебот од локалните пекарници во градот и од соседните производители од Виница и Пробиштип.
Сите ги намалија цените на белиот и полубел леб и под замрзнатата цена од 33 денари, па цените главно се движат од 30, 31 и 32 денари. Само еден производител на леб се одлучи за цена од 33 денари, а еден ја намали цената на 29 денари, пренесува СДК.
Истата цена на лебот ја задржа само најголемиот штипски производител, пекарницата на трговското претпријатие „ Макпромет“ . Овој прозводител уште по нова година ја намали цената на лебот на 31 денар и по таа цена се продава и деновиве по замрзнувањето, а како што се најавува, иако има можност за цена од 33 денари, сепак нема да ја менува веќе утврдената цена од 31 денар, додека сечканиот е 32 денари.