Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Популарниот македонски пејач Влатко Илиевски утрово бил пронајден мртов во автомобил во Скопје, пишува порталот Прес24.
Според информациите Илиевски бил најден во моторно возило марка Тојота на Булеварот Трета Македонска бригада.
Од полицијата ја потврдија оваа информација. Велат дека на местото е извршен увид од страна на Јавен обвинител и телото е предадено на обдукција.
Нема официјални информации кои се причините за смртта.
Влатко Илиевски беше еден од најпознатите рок пејачи во Македонија. Со години беше дел од групата „Морал“. Во 2011-та година, со песната „Русинка“, ја претставуваше Македонија на евровизиската сцена.