Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Славниот љубовен пар Кети Пери и Орландо Блум, кои „се фатија“ пред три години, по доделувањето на „Златните глобуси“, ја отидоа еден чекор напред на љубовно поле и ја официјализираа нивната врска со веренички прстен кој се појави на прстот од пејачката.
Кети и Орландо кој во текот на тригодишната врска имаа многу турбуленции се свршиле на денот на вљубените. Со оваа свршувачка 34 годишната Кети и осум години постариот Орландо ја изненадиле јавноста.
View this post on Instagram
„Погледнете кој се сврши на Денот на вљубените“, напишала мајката на Кети Пери на фејсбук.
Кети и Орландо ја споделиле фотографијата на која во преден план е свршеничкиот прстен со голем црвен камен на средината.
Пејачката Дуа Липа коментирајќи ја објавата на Инстаграм на Кети предизвика лавина од коментари , сега сите се прашуваат дали Кети и Орландо очекуваат бебе.
„Мама и тато“, напишала Дуа Липа со што ги започнала шпекулациите.