Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Бразилската прејачка Анита, предизвика бурни коментари по друштвените мрежи, после објавувањето на видеоспотот за својата нова песна. Анита побарала нејзиното тело во спотот на „Vai Malandra“ да не се ретушира, по само пет дена доби повеќе од 42 милиони прегледи.
Најмногу се зборува за воведната сцена во која камерата го снима задникот на Анита, додека пак јасно се гледа целулитот на нозете и струкот. Таа доби и многу пофалби за храброста која ја имала да го објави видеото и да се покаже во целосно светло.
Таа ја откри и причината зошто не сакала да го фотошопира видеото. „Кога го видов својот целулит, се запрашав зошто ми е важен, и зошто го кријам. Нема да губам време на глумење дека го немам. Сакам да бидам искрена спрема мојата публика“, изјавата ја пренеси Леи Деиси.
„Сакам луѓето да сфатат дека ние сме реални. Јас сум жена исто како и сите други, и не сакам да го фотошопирам мојот целулит“, додаде Анита.