Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
45 годишна пејачка од Скопје во тетовската полиција пријавила дека добиле ќотек наместо надомест за пеењето заедно со нејзината пријателка и невенчан сопруг во локал надвор од градот. Ноќта помеѓу неделата и понеделникот откако двете жени завршиле со пеење во објектот 45 годишната побарала од сопственикот да им исплати за нивниот ангажман, но наместо тоа тој ја фатил и почнал да ја влече за коса.
„Се вмешала и пријателката со намера да ги раздели, а потоа и невенчаниот сопруг. Тогаш, сопственикот на објектот и вработениот се нафрлиле на мажот и почнале да го удираат со тупаници и клоци, од што паднал на подот. Ги разделиле двајца од гостите во локалот и набрзо потоа тие го пријавиле случајот во Полициската станица Тетово“, соопшти полицијата од Тетово.
Сега тетовската полиција продолжува да работи во насока на целосно расчистување на сите детали и на пронаоѓање на двајцата пријавени за учество во насилството.