
Пејачката Јасна Шќепановиќ е позната на домашната естрадна сцена, а во Турција живеела и настапувала седум години.
Во едно време беше поврзувана со Душко Тошиќ, а сега конечно прозборе за таа афера.
Настапувала во кафани во кои често доаѓале и српските фудбалери додека биле во Турција. Се шпекулираше дека ѝ подлегнал поранешниот сопруг на Јелена Карлеуша, Душко Тошиќ, и дека романсата започнала за време на една прослава.
Пејачката гостуваше во емисијата Претрес и откри каков однос имала со Душко Тошиќ и дали биле во емотивна врска.
„Врска како збор може да се поврзе со илјада други поими. Не е вистина дека имав емотивна врска со него. Не знам зошто го пишуваат тоа, луѓето сакаат да нагаѓаат. Душко го запознав во Истанбул, таму каде што пеев. Беше наш редовен гостин, оставаше бакшиш. Се насмеав во едно интервју и реков дека се знаеме, а луѓето веднаш почнаа да шпекулираат за тоа. Никогаш не сме биле интимни,“ рече Јасна.
Сепак, откри и кој сакал да биде во врска со неа:
„Ме загледуваше Шако Полумента, кого не загледувал тој. Човекот едноставно ги сака жените. Тоа беше многу одамна. Ми испраќаше пораки на социјалните мрежи. Ме повикуваше на кафе, но не одговарав на тие пораки,“ додаде Јасна.