Печени јаболка – вкусен лек против болно грло


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Печените јаболка се одличен лек против болно грло. Најважно е да не бидат врели, туку умерено топли.

Многу одамна е утврдено дека јаболкото е здраво, а виенскиот експерт за здрава храна и исхрана, професор Хадемар Банкхофер, открива колку се здрави кога се печени. Тој вели дека јаболката подготвени на во овој начин се одличен лек против болно грло.

Овие проблеми можат да се отстранат со три печени јаболка, кои треба да се јадат едно по друго.

Која е тајната на печените јаболка?

За време на печењето, во јаболката доаѓа до создавање на посебни соединенија на ензими и биоактивни супстанции. „Овие соединенија во слузницата на устата, грлото и гласните жици ја активираат способноста на телото само да се излечи“, вели професорот Банкхофер.