Пчели во Украина деактивирале гранати кои руските војници ги поставиле во пчеларските кошници


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Украински пчелар бил спасен од неговите пчели, кои ги деактивирале гранатите што во кошниците ги оставиле руски војници при повлекувањето.

Експлозивните направи биле скриени во кошницата во пчеларникот во шума во регионот Буча североисточно од Киев од руските војници што побегнале кога украинските сили ја вратиле територијата.

Руските војници ја оставиле стапицата во почетокот на април, објави веб-страницата, повикувајќи се на локалниот Телеграм-канал, Буча лајв.

На фотографиите се гледаат две гранати врзани со селотејп и покриени со мед
Но кога пчеларот почнал да ги проверува кошниците, стапицата не експлодирала, бидејќи пчелите ги имале покриено детонаторите со мед и прополис.

Руските вооружени сили беа обвинети за злоупотреба и убиство на повеќе од 400 украински цивили за време на окупацијата на Буча, каде што се наоѓала кошница во март.

Групата наречена Доброволна формација на територијалната заедница на градот Буча тврди дека експертите за деминирање успеале да ги отстранат уредите благодарение на активноста на инсектите, кои процесот го направиле безбеден.

Во соопштението, организацијата вели: „Русите сакаа да одземат нечиј живот, но украинските пчели го спасија!“

Според нив, руските војници завиткале две рачни гранати и ги прикачиле на кошницата со пчели.

„Окупаторите оставиле две гранати една до друга, фиксирани внатре во кошницата, ги замениле оригиналните игли со сигурносни игли и со конец ги поврзале капакот на кошницата и гранатитe.“

Сепак, поради војната, во следните шест месеци никој не се приближил до кошницата. Во меѓувреме, пчелите истуриле толку многу мед врз детонаторите што гранатите веќе не можело да се активираат.

Кога пчеларот неодамна отворил една од кошниците за да ги провери своите пчели, ги открил уредите.

„Тие сакале да предизвикаат експлозија кога некој ќе го крене капакот на кошницата“.

Властите ја предупредија украинската јавност дека чистењето на земјата од руски мини и неексплодирани бомби ќе трае неколку години, објави веб-страницата.

Здружението апелираше до жителите да се јават на нивната телефонска линија за итни случаи 24/7 доколку забележат сомнителни предмети во регионот.

Прополисот, или пчелин лепак, е смолеста смеса што пчелите ја собираат од пупките на стеблата, билните сокови и други билни извори, а го користат како средство за пополнување на дупките на кошниците.

Прополисот им помага на пчелите да ја подобрат структурната стабилност на кошницата и обезбедува подобрена топлинска изолација, а неговите антигабични и антибактериски својства помагаат колонијата да се заштити од патогени.

Украинските корисници на социјалните мрежи беа воодушевени од веста.

„Слава на украинските пчели“, „За среќа девојките си ја завршија работата“, „Ужасно е што сѐ можат луѓето да направат за да убиваат други луѓе“, се дел од коментарите.