Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Крадците кои провалија во куќата од фудбалерот Џон Тери од неа си заминале со плен во вредност од 445.480 евра. Од вилата биле украдени дизајнерки торби и накит, а дека „теренот е чист“ знаеле откако бившиот капитен на англиската репрезентација на Инстаграм се пофалил дека ужива со семејството во Швајцарија.
Сегашниот капитен на Астон Вила, како и сите други познати личности, сакаше да се пофали со убавите моменти кои ги минува со сопругата Тони на Алпите, но не знаел дека меѓу оние негови 3,4 милиони следбеници на Инстаграм се наоѓаат и такви кои сакаат да го ограбат.
Крадците провалиле во неговата вила во Окшот, Сари, а потоа со часови претурале по неговите приватни работи. На крајот заклучиле дека ќе ја земат колекцијата дизјанерски потпишани торбички вредна скоро 150.000 евра, како и автограмски потпишано прво издание на книгата Хари Потер вредно околу 22.300 евра.
Сигурни дека нема никој, тие во вилата провалиле вооружени со секири, најпрвин малку ровареле по неговата спална соба, а потоа си заминале и се вратиле подоцна истата ноќ, знаејќи дека никој нема да им пречи во кражбата. Дека кај Тери ќе најдат богата колекција со најскапите торбички на светот биле сигурни, и тоа повторно благодарение на Инстаграм. Имено, освен што Тони сака да се фали со својата колекција, лани Тери за роденденот ја почести со торта во форма на дизајнерски торбички.
Како што се дознава, набрзо тие сфатиле дека нема шанси да ги однесат сите торбички, па ги одбрале најскапите 28, меѓу кои и 54.000 евра вредната Хермес торбичка од змиска кожа, Шанел торбичка вредна 9.500 евра, како и торбички потпишани од Гучи, Луи Витон и Ив Сен Лорен. Откриено е дека бандата која го ограби фудбалерот веќе имала провалено во домовите од милионери и си заминувала со богат плен. Се проценува дека така имаат заработено 730.000 евра.