Пазете се од Ким Кардашијан и Наоми Кемпбел – најопасни се!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


McAfee, компанијата за безбедност на интернет, направи истражување за најопасните ѕвезди на интернет, односно за луѓето чие пребарување може да ви го зарази компјутерот со вирус.

На врвот од оваа листа со „најопасни“ имиња за Велика Британија е славната старлета Ким Кардашијан. Познатата „риалите“ ѕвезда секојдневно ја пребаруваат милиони луѓе. Ким на Инстаграм има 118 милиони следбеници, а на Твитер 58 милиони.

Втора на листата е Наоми Кемпбел, па следат Кортни Кардашијан, Адел и британската водителка Керолин Флак. На листата се најдоа и актерката Роуз Бирн, Бритни Спирс, Ема Робертс и Ферн МекКен.

Актерката Руби Роуз е на врвот на американската листа со најопасни ѕвезди, пренесува ВВС.

Рај Самани од McAfeee предупредува дека живееме во брз и динамичен свет кој е под силно влијание на поп културата и социјалните мрежи.

„Доста важно е корисниците да размислат пред да кликнат на некоја страна, со цел да бидат безбедни во дигиталниот свет и да ги заштитат своите уреди, но и својата приватност“, порачува Самани.