Пазете каде паркирате – рипна „пајакот“ во Скопје


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Со почеток од 1. октомври, ЈП „Паркинзи Општина Центар“ (ПОЦ) ја поскапува казната за пајак-службата за 1.000 денар. Тоа значи дека наместо досегашните 2.500 денари, ако за погрешно паркирање интервенира пајак-службата казната за граѓаните сега ќе биде 3.500 денари.

„Цените на пајак-службата не се сменети 10 години, а поскапено е горивото, сервисот и деловите за возилата. Исто така, зголемен е и бројот на непрописно паркирани возила низ градот“, велат од ПОЦ.

Нови цени има и за зонските паркиралишта со тоа што е направена промена на зоните. Со тоа, паркирањето во Буњаковец сега се зголемува од 60 на 70 денари за час.

„Јавните паркиралишта со кои стопанисува ЈП ПОЦ ќе бидат поделени на 3 три паркинг зони, Зона 0, Зона 1 и Зона 2. Во Зона 0 се опфатени истите сервисни и станбени улици како и досега: 8. Ударна бригада, Лермонтова, Никола Кљусев, Максим Горки, Наум Наумовски-Борче (делот пред раскрсницата помеѓу бул. ВМРО и бул. Партизански Одреди), Скопска и Орце Николов (од бул. ВМРО до Плоштад Македонија). Цената за 1 час паркирање во Зона 0 како и досега ќе биде 100 денари. Во Зона 1 се опфатени сервисните и станбени улици во Сектор Дебар Маало, Сектор Парк и Сектор Буњаковец. Цената за 1 час паркирање во Зона 1 ќе биде 70 денари. Во Зона 2 се опфатени сервисните и станбени улици во Сектор Капиштец и Сектор Пролет. Цената за 1 час паркирање во Зона 2 ќе биде 60 денари”, соопшти ПОЦ.