Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Колегите на директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски, вклучително и инспекторите и останати вработени, бараат премиерот Зоран Заев да се откаже од најавата дека ќе го разреши од функција Пауновски. Пазарните инспектори од сите градови се мобилизираат, потпишуваат петиција за поддршка на Пауновски и бараат итна средба со Заев.
Директорот Пауновски се најде пред разрешување откако изјави дека нема да ги прими на работа 35 рамковни административци кои му ги додели вицепремиерот Артан Груби, бидејќи не му требаат за местата за кои се посочени, ниту пак имаат соодветно образование.
Во Инспекторатот во моментов се собираат сите инспектори, за да спречат разрешување на Пауновски бидејќи, како што велат, во историјата на работењето на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) не се случило да постои директор со таков кадарен, личен, морален и етички капацитет и институцијата толку успешно и добро да функционира, пренесува СакамДаКажам.
„Ми даваат 35 луѓе за во Тетово, Гостивар, Кичево и Струга, а таму немаме потреба од нови вработување, туку во Струмичкиот Регион и во источна Македонија. Па овие нови вработени нема да има каде да ги сместиме, нема место во канцелариите, пак ќе треба дома да седат. Точно е дека барав вработување, ама за градовите каде немаме инспектори, каде бироата ни се празни, а не за онаму каде сме до максимум исполнети“, изјави Пауновски.
По ова Заев му одговори: „Сметам дека постои основ за негово разрешување затоа што не може да си дозволите јавно да давате вакви коментари, понижувајќи ги претпоставените. Пауновски е мој пријател, но ова е пркос којшто е недозволен, хиерархијата треба да е поставена и треба да функционира успешно“.