Пазарната вредност на Spotify нив двајца ги направи најбогати луѓе во Шведска


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Со дебитантското појавување на Spotify Technology на пазарните берзи, основачите на оваа компанија за „стриминг“ на музика станаа најбогатите Швеѓани во моментот.

Главниот извршен директор Даниел Ек (35 години) веќе има 2,4 милијарди долари, благодарение на неговите 9 отсто од акциите во компанијата. Коосновачот Мартин Лоренсон (44) има 12 отсто од акциите, што му дава богатство од 3,4 милијарди долари, според Индексот на милијардери на Блумберг.

Трговијата со акциите на Spotify започна во вторникот во Њујорк. Компанијата избра невообичаено директно котирање, со кое компанијата се проценува на околу 28 милијарди долари. Акциите почнаа да се тргуваат за 165,90 долари по акција, откако 5,6 милиони од нив ја сменија сопственоста по таа цена, според Блумберг. Акциите го завршија денот со 10% под цената на отворањето на 149,01 долари по акција.

Умерените потези може да се гледаат како знак дека Spotify сака да го избегне турбулентното деби на пазарите на капитал. За успешниот прв ден на тргување за компанијата не се суди по порастот на цените на акциите, што е заеднички репер за успешна првична јавна понуда. Наместо тоа, Spotify и неговите советници сакаат поедноставен резултат од невообичаеното котирање, изјавија извори запознаени со прашањето пред берзата да почне да тргува.

Сепак, се појави прашањето дали проценката на пазарот е одржлива, имајќи предвид дека цената е одредена при продажба на мал број акции. Само 30 милиони акции се тргуваа во 16:08 по локално време во Њујорк вчера. Бидејќи нема ограничувања за продажба на инвеститори, на пазарот има повеќе од 100 милиони акции со кои се тргува.

Пред котирањето, најдоброто сценарио за Spotify беше умерено движење во текот на денот, со обем на трговијата, слично на вообичаеното ИПO, при што 50% од акциите, кои може да се тргуваат, се продаваат, дополнуваат изворите. Најлошото ќе биде силната нестабилност на акциите или недостатокот на акции што ќе ги понуди.

Атипичниот пристап кон трговијата го сугерира ставот на Spotify да стане јавна компанија. Компанијата ја избегна традиционалната првична јавна понуда на секое ниво. Целта беше да се има помалку нестабилност.

Додека компанијата се подготвуваше за излегување на берза, главниот извршен директор Даниел Ек објасни дека Spotify избрала директен пристап, за да избегне „околностите“ околу традиционалната примарна јавна понуда.

Од аспект на побарувачката има неколку причини поради кои инвеститорите може да се возбудени од можноста да се стекнат со акции. Spotify нуди на инвеститорите најдобра можност да инвестираат во музичкиот бизнис, кој се опоравува по 15-годишен пад. И трите големи издавачки куќи се или приватни, или сопственост на големи конгломерати, додека Pandora media, сопственикот на најголемиот онлајн радио сервис, е оценет на 1,2 милијарди долари.

Извор: Стандард.мк