Пазарџиите одбиваат да го почитуваат законот за зелени пазари – најавија протести за в петок


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Пазарџиите од „Зелено пазарче“ во Скопје најавија протест за во петок, одбивајќи да го почитуваат новиот закон за пазарна дејност според кој лиценцата за тезгите чини 3600 денари, а за втора тезга, продавачите треба да платат дополнителни 2400 денари. Некои од нив велат дека немаат големи приходи од пазарот и дека таму работат бидејќи државата не им обезбедила соодветна работа.

Од Министерството за економија велат дека незадоволните треба да се обратат до Собранието, бидејќи овој закон го изгласале пратениците.

Пазарџиите најавија протест за во петок, каде ќе имаат и конкретни барања. Тие бараат да се одложи или да се повлече законот. Според новиот закон, пензионерите, социјалците, стечајците и хонорарците, нема да можат да работат. Лиценците ќе ги издава Стопанската комора на Македонија.

Инаку во Македонија Зелени пазари има во над 50 општини кои бројат околу 20 илјади тезги. Само во Скопје има 13 зелени пазари и еден сточен пазар.