Павле Трајанов носител во единица, Слободан Богоевски во ИЕ4 – ДС, ФРОДЕМ, ДЕМОС и МОРО ги претставија листите


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Коалицијата составена од Демократскиот сојуз на чело со Павле Трајанов, ФРОДЕМ на Јове Кекеновски, ДЕМОС на Емил Атанасовски и МОРО-Работничка партија предводена од Горан Зафировски, вчера вечер на конвенција ги претстави своите 120 кандидати како и предводниците на листите.

Трајанов ќе се бори во ИЕ 1, Кекеновски во двојка, во ИЕ 3 ќе биде Весна Стојменовска, додека четворката на Коалицијата за проемни и правда ќе ја води поранешниот разузнавач, Слободан Богоески. Петката е резервирана за Александар Делов, додека во ИЕ 6 ќе се бори Бранко Мајсторовски.

Во своите обраќања сите кандидати се децидни – на Македонија и требаат промени, а тие велат, подготвени се да ги донесат.

Оваа коалиција ќе победи. Граѓаните бараат промени на 11.декември за држава каде законите ќе важат за сите. Им порачувам на ВМРО-ДПМНЕ дека нема бегање од народот кој ќе ги порази и режимот ќе падне. Слушам дека Никола Груевски бегал од единицата и не сакал да се соочи со мене и Стево Пендаровски па ќе одел во четворката. Но таму го чека Слободан Богоевски, порача меѓу другото во својот говор Трајанов.

Кекеновски пак, вели за разлика од врвот на ВМРО-ДПМНЕ, овие листи на Коалицијата за проемни и правда се составени од чесни луѓе, каде нема аболирани, осомничени или обвинети криминалци како власта на Никола Груевски, но има од оние кои токму лидерот на ВМРО-ДПМНЕ им монтирал судски пресуди.

Имаме луѓе со чест и достоинство и луѓе кои за жал биле жртви на злосторничкото здружување. Денес кога сме по заслуга на партиската врхушка доведени на работ на амбисот, кога најголемиот дел од нас се срамат од тие лажни патриоти, псевдонационалисти, клептомани, од лажните моралисти и недоразвиени политички ембриони како оној со колата што бегаше, на сите нас ни е јасно дека е дојдено време за промени и правда“, порача меѓу другото Кекеновски, дополнувајќи дека во иднина се повеќе ќе бидат видливи бесните политички опоненти кои немаат каде да бегат поради својот криминал.

Ќе бидат казнети за сиот криминал што го имаат направено, мора да падне режимот и тие тоа го знаат. Ние бараме одвојување на партијата од државата. Со Трајанов некогаш се боревме за тоа а сега по 27 години пак ќе се бориме против истото, рече Богоески во својот говор како кандидат предводник на ИЕ 4 на Коалицијата за промени и правда.

Весна Стојменовска во својот говор се фокусираше на 600.000 млади исселени од Македонија, за кои рече дека оваа Коалиција ќе ги врати и Македонија ќе стане Европа за сите државјани.

Здравството, образованието, инфраструктурата, апашлукот на властите и останатите проблеми со кои се соочува Македонија мора да бидат вратени во нормала а граѓаните на 11.декември да размислат кому треба да го дадат својот глас, порачаа Банко Мајсторовски од ИЕ 6 и Александар Делов од ИЕ 5.