Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Фудбалерите на Црвена звезда оваа сезона Лигата на шампионите ќе ја следат на малите екрани откако ја пропуштија можноста за учество во групната фаза од истата. Домаќините имаат за што да жалат откако синоќа му подарија два гола на Макаби Хаифа.
Црвена звезда не успеа да ја надополни негативата од еден гол против Макаби Хаифа, шампионот на Србија синоќа испушти водство од 2-0, му подари два гола на противникот и остана без групната фаза од Лигата на шампиони.
Избраниците на Станковиќ добро го започнаа натпреварот, поведоа со голот на Пешиќ, а во 43. минута Иваниќ погоди за 2-0 и огромна радост.
Сепак, гостите се вратија во игра во финишот на првото полувреме и тоа под луди околности. Борјан најпво одбрани пенал, за голманот потоа да киксне и да прими гол од 30 метри, па на пауза се замина со резултат 2-1.
Како ова да беше малку, Павков приреди нов шок во 90. минута, напаѓачот лошо регираше пред својот шеснаесетник по еден прекин и ја затресе сопствената мрежа за 2-2 и големо разочарување за домаќините.
Бенфика со победа од 3-0 над Динамо Киев само го потврди настапот во групната фаза од Лигата на шампиони, каде ќе се најде и Викторија Плзен по триумфот од 2-1 над Карабах.