Патувањето до Титаник се претвори во потрага по Титан – патниците во подморницата имаат 1% шанси да бидат спасени


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Изминува третиот ден откако малата подморница која се спушташе на 3.800 метри под океанската површина, до потонатиот брод Титаник – исчезна во водите на Атлантикот.

Американската крајбрежна стража потврди дека канадски авион P-3 открил „подводни звуци“ во областа каде се води потрагата.

Според мериканските медиуми, а повикувајќи се на белешки на американската влада, сонарните апарати на канадскиот авион ги опишале како звуци на „ силно тропање“ под водата.

-Во име на сите мажи и жени на крајбрежната стража на Соединетите држави и нашите партнери за пребарување, ги нудиме нашите најсрдечни мисли и молитви за петчлениот екипаж, нивните семејства и сакани. Нашите тимови работат постојано за да се осигураме дека правиме се што е неопходно да го лоцираме „Титан“ и петмината на него,- изјави Џејми Фредерик, Капетан на крајбрежната стража.

Се претпоставува дека резервите на кислород на патниците во туристичката подморница, во која има пет лица, ќе траат уште до петок, додека пак воздухот на подвозјето се очекува да истече во четврток, околу 11:00 часот.

Меѓувреме се обелоденија документи во кои дел од експертски тимови кои што пред 5 години биле вработени во Оушн Гејт, кои што и тогаш предупредувале на безбедносни проблеми во подвозјето на малата подморница. пред 4 години.

На „Титан“ е британско-пакистанскиот бизнисмен Шахзада Давуд и неговиот син Сулеман, британскиот истражувач Хамиш Хардинг , Пол-Хенри Наргеолет, поранешен нуркач на француската морнарица и Стоктон Раш, главен извршен директор на OceanGate компанијата која го организира нуркањето.