Home Актуелно Пациентот со сомнителни симптоми во Скопје нема коронавирус

Пациентот со сомнителни симптоми во Скопје нема коронавирус

Сомнителниот пациент кој вчера вечер беше примено на Инфективната клиника во Скопје, после извршените тестови се потврди дека нема коронавирус, пренесуваат од Министерството за здравство.

Пациентот имал лесна клиничка слика, нема покачена телесна температура и неговата состојба е стабилна.

Тој пристигнал од Милано во Скопје со попладневниот лет на „Визер“. Патникот поминал низ термалната камера, која кај него не дијагностицирала симптоматологија на болест. Првите симптоми ги почувствувал по доаѓањето дома, по што се јавил на Инфективната клиника во Скопје и бил примен во 22:00 часот. Од неговото пристигнување на клиниката, пациентот е ставен во изолација, по што му се направени тестови согласно со утврдениот протокол.

Од министерството велат дека будно ја следат состојбата и во континуитет се постапува по препораките на Светската здравствена организација, а од вчера се применуваат и нови зајакнати мерки за превенција од корона вирус.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…