Пациентот доживеал мозочен удар, а лекарите се договарале да му ги продадат органите!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Еден пациент од САД кој доживеал мозочен удар бил хоспитализиран. Тој додека лежел парализиран слушал како лекарите се договараат да му соопштат дека неговата ќерка нема да преживее. Уште пострашно е тоа што лекарите се договарале за да ги продадат неговите органи.

43 годишниот Џими Фризи го слушнал секој збор, но не можел да реагира затоа што не бил во можност да се помрдне или да зборува.

„Функционираа само моите уши и очи. Тие (лекарите) рекоа дека нема надеж “, изјави Џими.

Пристигнале неговите пријатели и семејството со цел да се простат од него откако лекарите им укажале дека по скенирањето на мозокот утврдиле дека има нула проценти шанси да преживее.

Во негово присуство лекарите го прашувале семејството за можноста за донирање на неговите органи откако ќе умре не сфаќајќи дека господин Фризи го слуша разговорот.

Тој, сепак, заздравел откако неговото семејство побарало второ мислење од друг лекар, кој брзо сфатил дека Џими е целосно свесен и може целосно да закрепне.

Добил кортизон и отокот на мозокот се повлекол. Потребни биле три недели пред да биде во можност да ја раскаже својата приказна за разговорот меѓу лекарите за продажба на неговите органи.

Тој покренал тужба против лекарите за кршење на правилата.

Неодамна во „Вол стрит журнал“ бил објавен шокантен извештај за индустријата со донирани органи во кој стои дека лекарите редовно земаат органи од пациенти кои сè уште се живи. Новите американски прописи им дозволуваат на лекарите да „вбризгуваат парализатор“ доколку телото не престане да се мрда за „безбедно“ да ги отстранат органите.

„Често болницата може да заработи повеќе пари од мртвото тело отколку што може да заработи од наплата на трошоците на пациентите чиј живот го спасиле. Тоа особено се однесува на случаите кога пациентот нема здравствено осигурување и ќе биде тешко да се наплати огромната медицинска сметка.

Новите прописи се покажале контроверзни меѓу медицинскиот персонал, а многу анестезиолози и сестри јавно посведочиле за пазарот со трупови и реакции на телата кои се случувале во текот на операција на отстранување органие.

Но, господин Фризи не можел ниту да пишува ниту да се помрдне за лекарите да добијат знак дека ги слуша како разговараат за тоа што ќе направат со неговите органи.

Господин Фризи, кој претрпел крвавење на мозокот додека со својата девојка и блиското семејство одморал на архипелагот Готхенбург, подигнал тужба против болницата и бара да лекарите се преиспитаат во истрагата поврзана со црниот пазар на органи.

Болничкиот портпарол изјави дека тие соработуваат со истражителите и дека ќе откријат што точно се случувало.