Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Членовите на Здружението за цистична фиброза денеска со почеток во 11:55 часот ќе протестираат пред Министерството за здравство, бидејќи,како што велат, и покрај ветувањата што ги добиле од Министерството, ФЗО, одделенијата каде што се лекувале нивните пациенти, нема подобрување во лекувањето на болеста и нивната здравствена состојба се влошува.
„Како што знаете, Здружението за цистична фиброза активно водеше кампања за поттикнување на надлежните институции да воведат CFTR модулатори за сите пациенти. Терапија досега не е понудена и не добивме одговор дали ќе биде понудена и кога“, се вели во соопштението на Здружението.
Инаку, во последните неколку дена на социјалните мрежи се шири апел за пациент со цистична фиброза, кој ги моли институциите да му помогнат, додека Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување со месеци немаат одговор на барањата на Клиниката за детски болести за употреба на лекот „Трикафта“ за подобрување и одржување на здравјето и квалитетот на животот на пациентите со цистична фиброза.
Ова го потврди и проф. Стојка Нацева-Фустиќ, в.д. директор на Клиниката.