Пациент хоспитализиран заради КОВИД-19 си го одзеде животот во ГОБ „8. Септември“


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Пациент на 70-годишна возраст од Скопје, заболен од Ковид-19 и хоспитализиран во „8 ми Септември“ утрово си го одзеде животот скокајќи од прозорец од првиот кат од болницата. Тој бил хоспитализиран минатата недела, имал психички проблеми и бил под посебен надзор од тим на психијатри во болницата.

Трагичниот настан се случил утрово непосредно по визитата.

Пациентот кој бил заболен од коронавирус бил хоспитализиран на почетокот на минатата недела на одделението за пулмологија каде лежел пет ден. Неговата состојба се влошила, стаурацијата почнала нагло да паѓа и затоа бил преместен на Интензвина нега.

Со влошување на здравствената состојба кај пациентот се јавиле и психички проблеми и затоа на дневна база со него работел психијатар кој му препишал седативи, а во неговото досие има пет психијатски извештаи откако бил примен во „8-ми Септември.

Пациентот билво специјален кревет со т.н. безбедносна рамка, а собата ја делел со уште еден пациент кој бил приклучен на респиратор и не бил во свесна состојба.

Според извори од болницата, утрово тој бил посетен од лекарскиот тим за време на утринската визита и дека во тој момент спиел. Меѓутоа како успеал да ја отвори рамката допрва ќе се утврдува. Станал од креветот и си го одзел животот.

„И покрај преземените реанимациски постапки од дежурната екипа во 7.30 часот е констатирана смрт. Известени се сите надлежни институции, Министерство за здравство, МВР, јавен обвинител и Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Направен е увид на лице место, телото е предадено на обдукција, а ДСЗИ врши вонреден инспекциски надзор“, стои во соопштението од болницата.

Од „8-ми Септември“ брифираат дека е редовна пракса на сите пациенти, кои се во тешка состојба во болницата да им се пружа психијатриска поддршка.