„Патриотската клаузула“ во договорот на Бензема го воодушеви светот!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Глобалната афера „Football leaks“ откри многу ’сочни’ детали од договорите на фудбалските ѕвезди, па после хировитите и смешни клаузули кои ги имаат ѕвездите, откриена е една која е за секоја пофалба.

Станува збор за напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема во чиј договор се наоѓа таканаречена „патриотска клаузула“.

Имено, поранешниот фудбалер на Лион при пристигнувањето во Реал Мадрид, договорил компанијата „BOB“, чиј е сопственик самиот тој, да ги инкасира парите на основа на маркетиншките права.

Со оглед на тоа дека фирмата е основана во родниот Лион таму и плаќа данок кој е многу голем, односно дури 33%! Тука е всушност патриотскиот момент на Бензема.

Французинот не сака да ја премести фирмата во Шпанија, а може тоа да го направи потполно легално, и така би имал далеку поголеми поволности. Со оглед на тоа што данокот во Шпанија е помал то би заштедувал дури 1 милион евра годишно.

Во време кога сите фудбалски ѕвезди бараат алтернативни, па и незаконски начини за избегнување на данок, потегот на Бензема е навистина за восхит.