Патот на успехот од Лука Циндриќ: Пред 4 години работеше на паркинг, денес е шампион на Европа


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Пред четири години Лука Циндриќ ракомет играше во Карловац, беше најдобар стрелец во домашното првенство со неверојани 123 погодоци, но сепак за него зборуваа, „мал е, нема да успее“.

„Работеше на паркинг, а потоа му се приклучи Вук Борозан. Тој не можеше да работи бидејќи за тоа беше потребна работна дозвола, но играа заедно и станаа тандем кој четири години подоцна се претвори во тандем за титулата шампион на Европа“, зборуваше нивниот работодавец од Карловац Давор Златиќ.

Лука беше и одличен фудбалер, но сепак негова љубов беше ракометот, па така малку, по малку…

„Пристигна од Огулин со репутација на добар играч и веќе на стартот одлично напредуваше. Беше исклучително вреден, упорен и доследен. Висината никогаш не ја сметаше за отежнувачка околност“, открива Динко Џанковиќ тренерот на Лука од Карловац.

Но сепак овој 185 сантиметри висок ракометар нешто го издвојуваше од другите

„Секој тренинг, ама баш секој го работеше максимално. Често пати знаевме да му кажеме „добро Лука не мора баш секогаш“, но тој едноставно е таков. Во играта еден на еден со своите предиспозиции секогаш беше доминантен, но никогаш тоа не му беше адут. Лука е најдобар ако му поставиш цел, му дадеш задача и мислам дека Раул токму во таа смисла го извлече најдоброто од него“, продолжи Џанковиќ.

Карловац го имаше и Вук Борозан, Црногорецот кој во неделата исто така стана европски шампион.

„Кога ќе се навратиме на Борозан, кој денес е еден од најдобрите шутери во Европа, неговиот успех можеби е и поголем од оној на Циндриќ. Зошто? Бидејќи пристигна многу млад од Црна Гора, клубот мислам дека се викаше Цепелин. Тој дојде на проба во Сплит, но не помина, па ние го доведовме. Технички беше лош, но со текот на времето почна да напредува. Заедно со Циндриќ играчки најмногу напредуваше, таа врска може да се види и денес, Раул ги користи нив двајца или тандемот Карачич-Кањелас“, смета Дино.

На никого во тоа време во Хрватска не му беа интересни?

„Циндриќ веројатно поради висината, за Борозан не знам зошто. Циндриќ на повик од Лино премина во Металург, играше одлично, но Металург влезе во проблеми, па на крајот заврши во Вардар, понатаму се е познато. Стана репрезентатицец, малку по малку растеше и ете денес е шамоион на Европа“, заврши Дино Џанковиќ.