Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
„Патот на Олимпискиот шампион“ е насловот на книгата за Шабан Трстена, која вчера беше промовирана во присуство на многу истакнати спортисти, негови пријатели и медиуми. Освојувачот на златниот олимписки медал од 1984 година во Лос Анџелес со ентузијазам се потсети на убавите моменти од неговата богата кариера.
Еден од авторите на книгата, Сефер Тахири истакна дека треба да бидеме горди со личности како што е Шабан Трстена. Инаку Трстена во борење е освојувач на 30 медали, од кои најважни се златниот медал од 1984 година на Олимписките игри во Лос Анџелес и сребрениот медал освоен четири години подоцна во Сеул, исто така на Олимписки игри.