Патомскиот кратер – 250 години стара руска мистерија


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Никој ниту знае како е настанат, ниту за што се работи, ниту знае било што поврзано со оваа 250 години стара мистериозна сибирска појава наречена Патомски кратер.

Нормално, кога нешто е прекирено со плаштот на мистеријата, околу него веднаш се плетат најразлични приказни и теории. Така е и со Патомскиот кратер, за кој некои упорно тврдат дека е всушност таен влез, а според други дека е нуспојава од мистериозни посети.

Неверојатното место наречено Патомски кратер е откриено во далечната 1949 година кога геологот Владимир Капалков случајно наишол на оваа мистериозна појава во областа Иркутск, во тајгата на југоистокот од Сибир, со обем од 130 до 150 метри и висина од 50 до 80 метри.

Веднаш му било јасно дека пронашол нешто што не може да се сретне секој ден, а на необичната појава и го дал името Патомски кратер, според реката која се наоѓа во неговата близна.

Првата вистинска експедиција која го истражувала овој мистериозен кратер се случила неколку децении по откривањето, а еден член на тимот дури починал од срцев удар веднаш кога му се приближил на кратерот.

Собраните работи покажале дека во тој реон се бележи слаба радиоактивност, а ураниум воопшто не можел да се забележи.

За кратерот кој е стар околу 250 години има неколку теории од што е настанат, според една кратерот е последица од пад на метеор и голема сибирска експлозија од 1908 година.

Но, од што навистина е настанат засега никој не знае, научниците и понатаму го истражуваат овој реон.