Патник без никакво пилотско искуство слетал авион откако пилотот се онесвестил (снимка)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Патник во авион кој, нормално, немал никакво пилотско искуство, со помош на контролор на летот, безбедно слетал на аеродромот во американската сојузна држава Флорида, откако пилотот изгубил свест.

Анонимниот патник успешно го приземјил авионот, а во тек е истрага зошто се случило тоа. Се верува дека пилотот имал здравствен проблем поради кој се онесвестил. Патникот, откако ја проценил ситуацијата, почнал да управува со авионот и слетал на аеродромот во Палм Бич.

„Имам сериозна ситуација. Мојот пилот е во несвест и немам идеја како да управувам со авионот. Го гледам брегот на Флорида пред мене, но немам поим каде сум”, му рекол патникот на контролорот на летање.

„Обидете се да го следите брегот на север или југ“, рекол контролорот. Се обидуваме да ве лоцираме“.

Контролата го лоцирала авионот кој во тој момент бил над Бока Ратон. Контролорот на летање продолжил да го води патникот. „Обидете се да ги задржите крилата на ниво и да видите дали можете да почнете да се спуштате. Спуштете се многу бавно, турнете ги командите напред“, рекол контролорот.

Патникот успешно и непречено го слетал авионот на пистата.