Патнички воз од „Македонски железници“ со 150 патници излетал од шините – за среќа нема повредени


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Патнички воз од „Македонски железници“ излетал од шините во близина на железничката станица Кадина Река. Несреќата се случила утрово околу 7 часот, но за среќа, нема повредени патници, пренесува Плусинфо од извори од Македонски Железници-Транспорт.

Како што дознаваме, станува збор за патничкиот воз кој сообраќал на релација Гевгелија-Скопје, а во моментот на несреќата во вагоните се возеле околу 150 патници.

– Машина и вагон испаднале од шините кај железничката станица Кадина Река, од левата страна на реката Вардар. Се работи за патничкиот воз кој утрово тргнал од Гевгелија кон Скопје. Нема повредени лица – изјавиле од Македонски Железници-Транспорт.