Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Одроната карпа во која удрил патничкиот воз кој сообраќа на линијата Кичево-Скопје, на пругата кај Лакавица, беше причина за неговото излетување од шините изутринава.
Според првичните информации, нема повредени патници. На местото на несреќата се упатила екипа која треба да го утврди оштетувањето на пругата.
Во полициската станица Гостивар утрово, во 6:45 било пријавено дека патничкиот воз кој тргнал од Кичево удрил во карпа на потегот помеѓу селата Лакавица и Падалишта. Од ударот композицијата излетала од шините.
По пријавувањето на местото на настанот е упатена екипа за увид, кој треба да започне наскоро.