Патничка се возеше на работ од орбитата на Земјата со вселенското летало од Бренсон


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Патничка со вселенското летало на Virgin Galactic наречено SpaceShipTwo, во сопственост на милијардерот Ричард Бренсон, пристигна до границата меѓу орбитата на планетата Земја и останатиот вселенски простор.

Леталото на британскиот милијардер стигна на височина од 90 километри над Земјата. Леталото SpaceShipTwo, кој Бренсон го направи за превоз на туристи низ вселената , беше лансиран од пустината Мохаве и вчера достигнал височина од 89,9 километри , односно 55,87 милји.

Според американските стандарди тоа е веќе вселена , зашто просторот над 50 милји се смета за вселенски. Леталото се движело со брзина од 3 маха , односно три пати побргу од брзината на звукот и потоа без проблеми слета во вселенската база во пустината Мохаве.

Леталото е дизајнирано за превоз на шест патници , но овој пат имаше само еден.

Главен конкурент во овој бизнис на милијардерот Бренсон му е најбогатиот човек на светот , Џеф Безос , сопственикот на Амазон. Неговата вселенска програма Blue Origin најави дека до крајот на годината ќе превезува патници на поголема висина отколку Брезос.