Патики на Џордан од 1984. продадени за 190.000 долари


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Патиките кои Мајкл Џордан ги носеше во финалниот меч на Летните олимписки игри во Лос Анџелес, во 1984 година, се продадени за точно 190.372 долари.

Финалисти, на 10 август 1984 година, на кошаркарскиот турнир на ЛОИ беа САД и Шпанија. Џордан на тој натпревар носеше сино-бели „Конверс“ патики.

Тие патики со автограм Џордан потоа му ги подарил на 11-годишно момче задолжено за собирање топки на кошаркарските натпревари, соопшти аукциската куќа Ес-си-пи Оукшенс, која ја организираше онлајн продажбата.