Пасторе во Рома, Наинголан во Интер!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Италијанските медиуми пренесуваат дека се поблиску до комплетирање се трансферите на Хавиер Пасторе во Рома и Раџа Наинголан во Интер.

Раководството на Рома веќе постигна договор со Пасторе, кој ќе потпише 4-годишен договор тежок 4 милиони евра по сезона.

„Волчицата“ на Пари Сент Жермен за неговиот потпис ќе му плати 15 милиони евра плус 5 во име на бонуси, а Артгентинецот се очекува во четврток да пристигне на медицински прегледи.

Пасторе на „Олимпико“ ќе биде замена за Раџа Наинголан, кој е на пат за Интер. „Нероаѕурите“ за Белгиецот понудиле 20 милиони евра плус двајцата младински Николо Заниоло и Андреа Пинамонти.

Двајцата млади фудбалери на Интер се проценети на околу 15 милиони евра, па двата клуба се блиску до договор.